Додека MG се мисли околу лансирањето на овој пикап во Европа, BYD веќе одлучи за тоа
Почнувајќи од идната година, пикапот BYD Shark 6 ќе започне да се продава во Велика Британија. Претставен лани, тој има плаг-ин хибриден погон со електрична автономија од стотина километри. Максималните 435 коњски сили ги обезбедуваат 1,5 литарски бензинец и два електромотора кои ги задвижуваат сите четири тркала. Доаѓа исклучиво со двојна кабина, носивоста му изнесува 790 килограми а може да влече приколка тешка два ипол тони. Планирани се две верзии, робусна за работа и подобро опремена за разонода. Засега нема навестувања за цените а останува непознато дали и кога овој модел кој не се продава на домашниот кинески пазар ќе биде лансиран и во другите европски земји.


