Со инвестиција од една милијарда евра BYD ќе гради нова фабрика во Турција
BYD ќе ја додаде Турција во листата држави каде ќе има фабрика за автомобили. Покрај Тајланд, Бразил и Унгарија кинеската марка ќе гради фабрика во Турција. Ова треба да биде официјално потврдено на церемонијата во Маниса, западна Турција, каде ќе биде лоцирана фабриката. Засга турската влада и кинескиот производител не ја комнтираат ниту ја потврдуваат оваа вест. Поради наметнатите увозни давачки за кинеските автомобили, BYD бара решение за полесно пласирање на своите возила во Европа. Турција не е членка на ЕУ, но има трговски и царински договори со ЕУ.
Преговорите помеѓу Кина и Турција започнаа на претседателско ниво по најавата дека Турција ќе воведе дополнителни 40% увозни давачки за сите кинески возила. BYD веќе гради фабрика во Унгарија каде производството треба да започне кон крајот на идната година, а уште е во преговори со Мексико за тамошно производство. Првата фабрика за производство на ЕВ надвор од Кина започна со работа минатата седмица во Тајланд, додека фабриката во Бразил, која BYD ја купи од Ford, е во финална фаза на подготовки за работа. На глобално ниво во вториот квартал продажбата на BYD скокна за 40% во однос на истиот период лани достигнувајќи 982.747 возила. Во Европа кинеската марка не продава многу возила, но нејзиниот раст е огромен. Во првите пет месеци на 2024 продаде 12.944 возила што е шест пати повеќе во однос на 2023 година кога пласира само 2.120 возила.