BYD – Првата европска фабрика во Унгарија

Планот за проширување на Стариот континент, кинескиот производител на ЕВ го поткрепува со европско производство

Кинескиот гигант за електрични возила BYD планира да ја изгради својата прва европска фабрика за автомобили во Унгарија, со што оваа држава ќе стане еден од важните центри за производство на возила. Ова е голем триумф за Унгарија која успеа да го убеди BYD да инвестира покрај тоа што Кинезите како опција ги разгледуваа Германија и Франција.

Минатиот месец унгарскиот премиер Виктор Орбан ја посетил фабриката во Кина и се сретнал со претседателот на BYD, Ванг Чуанфу. Сега се бара локација за фабриката која ќе биде позната кон крајот на годинава. Главни европски пазари за електричните возила на BYD се Германија, Франција, Велика Британија, Шпанија и скандинавските земји.

Компанијата има фабрика за електрични автобуси во Унгарија, која е отворена во 2016 година. Во Унгарија фабрики имаат Mercedes-Benz, Audi и Suzuki. На нив ќе им се придружи BMW со производство на електрични автомобили Neue Klasse во 2025 година. Кога ќе започне BYD со производство уште е рано да се каже

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER