Најголемиот светски производител на „возила на нова енергија“ стана официјален превозник на Европскиот шампионат во Германија
За претстојниот UEFA EURO 2024, што ќе се одржи во Германија од 14-ти јуни до 14-ти јули, UEFA објави дека има нов партнер за мобилност. Тоа е кинеската компанија BYD кој со своите најнови десет електрични возила ќе пружи разни услуги на транспорт и логистика за потребите на шампионатот.
Во триесетте дена, колку ќе трае европскиот шампионат во десетте германски градови, BYD ќе обезбеди флота од стотици свои возила за да покаже и докаже одржливоста и употребливоста на ЕВ што ги произведува. Покрај тоа, кинезите ќе организираат повеќе настани што ќе ги поддржат фудбалските натпревари. Во тоа ќе бидат вклучени директно следење на мечевите на јавни места, собиранки за навијачите и збиднувања организирани по овој повод во сите продажни места на компанијата.
Воедно, BYD е прв партнер на UEFA кој обезбедува исклучиво електрични возила за ваков голем настан. Мајкл Шу, директорот на BYD за Европа, изјави: „Постојат големи синергии меѓу нашите организации. Како и UEFA, ние имаме за цел да инспирираме преку позитивни и инклузивни искуства, со јасен фокус на целите. BYD е посветена да ја направи е-мобилноста достапна за сите, а како партнер на UEFA EURO 2024 со нетрпение очекуваме да претставиме разновидни и врвни опции со технологии што ја менуваат играта на навивачите од целиот свет, отворајќи го патот за позелена иднина за светски спортски настани“.
Усогласен со својата визија „Ладење на Земјата за 1°C“, BYD е посветен на зајакнување на својата стратегија за локализација преку соработка со извонредни локални партнери во Европа. Ова ќе помогне да се олесни еколошката трансформација на транспортот низ Европа и пошироко, што на крајот ќе поттикне поодржлив развој на глобално ниво.