BYD – Освојување на Југоисточна Азија

Модерниот изглед, компетитивната технологија, пристапните цени и стратегијата се основите на успехот

Кинеските производители не ги кријат своите апетити. Лидер е BYD кој претпазливо ја мерка Европа и САД, а во меѓувреме успеа да освои 26% пазарен удел со своите електрични возила во Југоисточна Азија. Тоа се должи на бизнис моделот сличен на јапонските производители на автомобили пред неколку децении. Соработката со локални дистрибутери низ Југоисточна Азија му овозможи на BYD брзо проширување на своето присуство.

Кинескиот производител на автомобили воспостави дистрибутивни партнерства со големи конгломерати во различни нации во Југоисточна Азија. Овој пристап овозможи да се прилагоди низ сложените владини регулативи и да ги тестира потребите на потрошувачите. Стратегијата, во комбинација со ниските цени, го направи BYD хит. Податоците објавени од Ројтерс наведуваат дека 26% од сите ЕВ продадени во Југоисточна Азија во вториот квартал од 2023 година биле модели на BYD. BYD Atto 3 беше бестселер во регионот каде ЕВ сочинуваат 6,4% од сите продажби на нови патнички возила во вториот квартал, што е драматично зголемување од 3,8% од првиот квартал.

BYD во моментов инвестира 500 милиони долари во Тајланд за изградба на фабрика способна да произведува до 150.000 ЕВ секоја година. Таа треба да профункционира од идната година, а тамошното производство ќе се извезува на други пазари во Југоисточна Азија, како и во Европа. Дали овој модел ќе биде применет и во Европа останува да покаже времето, но сигурно е дека Стариот континент нема да биде поштеден од амбициите што ги има BYD и останатите кинески автомобилски марки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER