BYD – Најмногу патенти за електричните возила

Во изминатите 20 години BYD заштити 13.000 патенти

Податоците што ги објави Patent Result од Токио покажаа соема поинаква ситуација од перцепцијата што ја имаме. Апсолутен крал на електричните возила е BYD кој има 16 пати повеќе патенти отколку што има Tesla.

Кинеската компанија поседува 13.000 заштитени решенија од кои повеќе од половина се поврзани со батериите на возилата, додека Tesla поседува само 863 патенти. Ова кажува и објаснува зошто за разлика од повеќето други производители на автомобили кои прават електрични возила, BYD може да користи батерии што ги развива во куќата, наместо да биде зависник од добавувачи. 


За компанијата ова е важно бидејќи технологиите за батерии можат да бидат изложени на копирање. Една од лошите страни на патентите е тоа што деталите мора да бидат јавно објавени, што значи дека тие би можеле да се имитираат. BYD се етаблира како лидер во развојот и производството на литиум-јонски батерии со железни фосфатни катоди. Овие батерии се поевтини од оние од корејските ривали кои, покрај литиумот, користат никел и кобалт.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER