Bugatti Chiron Super Sport – Два комада за мир во куќа

Американски брачен пар ги доби двата изработени по нарачка хипер автомобили, за секого по сопствена желба

Домот и колекцијата на брачниот пар, чиј идентитет не се открива, е разубавен со  две извонредни изработки на Bugatti Chiron Super Sport инспирирани од иконскиот Veyron L’Or Blanc.

Сопругот беше првиот кој уживаше во славата на неговиот Chiron Super Sport, додека неговата сопруга под свое го стави тимот на Bugatti за изработка по желба за да го изработи нејзиниот автомобил од соништата.

Таа соработуваше со водечкиот дизајнер на Sur Mesure, Јаша Штрауб, за да ја презамисли иконската шема на бои на Veyron L’Or Blanc претставена пред 12 години, избирајќи двобојна завршница од црвено Rosso Efesto и портокалова Arancia Mira.

Изборот на неговата драга го убеди сопруг повторно да го прати во Мулуз неговиот Chiron на слична трансформација. На француската марка и требаа седум долги месеци да го трансформира Chiron Super Sport на сопругот во оној што го гледате.

Не само што решил сите каросериски панели да бидат обработени во јаглеродни влакна со French Racing Blue елементи, туку се одлучил и да го постави покривот Sky View, што значи дека оригиналната покривна плоча мораше да се отстрани. Автомобилот е наречен Coup de Foudre по сините линии кои изгледаат како молњи на ноќното небо.

Неговата сопруга избрала да го нарече својот примерок L’aura и името е видливо на долната страна на задното крило. Внатрешноста на двата автомобили е исто така изработена по нарачка.

Автомобилот на сопругата е обложен со светло-црвена кожа преку седиштата, контролната табла и панелите на вратите со портокалови акценти, додека автомобилот на сопругот е тапациран во комбинација од сина и црна кожа.

Најверојатно ова е вистинската формула за бракот. Двајцата имаат исти интереси, но не си се мешаат во штипките. Така тие продолжуваат да живеат среќно и весело.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER