Bugatti – Се подготвува наследникот на Chiron

Замената за Bugatti Chiron ќе дебитира кон средината на 2024 година и ќе има „силно електрифициран погон“

Тимот на Bugatti работи на прилично тежок проект, бидејќи ќе треба да го замени едно од најимпресивните возила конструирани досега. Од 2005 година кога беше претставен Veyron, секое ново возило што го напушташе Мулуз беше задвижувано со  W16 мотор со четири турбо полначи. Со завршувањето на производството Chiron завршува и кариерата на „вулканот“ со 16 цилиндри, а следното возило на Bugatti ќе биде сосема ново и ќе има поинаков двигател.

Тоа и не треба да зачудува. Политичкиот притисок што се прави врз сите што користат мотори на согорување е огромен. Од друга страна, на чело на компанијата е Мате Римац, сопственикот и креатор на автомобилите што го носат неговото презиме, познати како електрични хипер автомобили. Се очекува изгледот на новиот модел да биде поимпресивен од ексклузивниот модел на куќата Mistral. Воедно се најавува дека ќе биде неверојатен во секој поглед.

Пропорционално, технолошки, според иновациите, и ќе да ги надмине очекувањата од марката. Во меѓувреме, новиот извршен директор на Bugatti, Мате Римац, откри дека моделот ќе има „силно електрифициран“ погонски систем кој се базира на „многу атрактивен мотор со согорување“. Тој додаде дека луѓето ќе бидат „зачудени“ од моделот кога ќе видат што се крие испод капакот. Тоа беше доволно да се покрене лавина од шпекулации. Гласините за погонската единица се различни.

Некои шпекулираат дека 8.0-литарскиот W16 ќе биде заменет со атмосферски V16 од Cosworth. Други веруваат дека Bugatti може да го позајми V12 чудовиштето од новиот Lamborghini Revuelto плаг-ин хибрид. Шпекулациите одат до Волфсбург од каде би можел да се испорачува помал, V8 мотор, од VW. Љубопитноста ќе биде задоволена, а шпекулациите потврдени или демантирани летово, кога Bugatti ќе го прикаже својот нов автомобил од соништата. За среќа месеците до премиерата на прсти се бројат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER