Brabus – Rocket 900 Edition

Пеколна коцка

Ограничената серија на супер теренецот е базирана на Mercedes-AMG G 63

објавено 21. јуни 2021

Екстравагантниот рафинат на популарната меѓу тајкуните Mercedes G Klass пружа една сосема поинаква слика на теренците. Познат по своите врвни карактеристики вон асфалтот оваа икона стана статусен симбол на оние со многу длабок џеб.

Веќе се смета дека изведбата AMG е „обична“, па затоа на помош пристигна познатиот тјунер Brabus познат по своите екстремни видувања за производите ѕвездата од Штутгард. Таква е ограничената серија која според своите манири оправдано е наречена Rocket 900 V8.

Преработките во внатрешноста се типични за тјунерот каде не е штедено на скапи материјали и дуализми на бои. За оние што не ги следат преработките потпишани од Brabus би рекле дека се претенциозни и премногу нападни. Сепак енергичниот внатрешност е скроена според перформансите кои му се препишуваат.

Таков впечаток се добива и за надворешноста ускладена со извонредните потенцијали на погонската група. За оваа пригода добро познатиот V8 би-турбо мотор од 4,5 литри е засилен на 900 коњи и достига вртежен момент од 1.250 Nm. Иако тежината е позамашни 2.560 килограми таа не пречи на перформансите кои без никакво напрегање можат да ги засенат оние на познатите спортски двоседи.

Спринтот до 100 км/ч го совладува за 3,7 секунди и достига максимална брзина од 280 км/ч. Од Brabus не откриваат дали таа е електронски ограничена, но потврдуваат дека за оваа серија ќе мора да се одвојат многу пари. Малкумина ќе имаат можност да ја купат „пеколната коцка“, уште помали се шансите да се сретне на улиците… Затоа уживајте во фотографиите што ги избравме.

 

 

 

 

 

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER