Фабриката во Регенсбург е во функција 40 години и вчера ја доживеа својата нова пресвртницаНајмалото спортско-активно возило на BMW е Х1, а вчера од погоните на фабриката во Регенсбург излезе неговиот милионити примерок. Јубилејниот примерок е iX1, електрично возило со батерии кое се произведува во оваа фабрика од ноември 2022 година. Пресвртницата е што ова го најавува производството, кое треба да започне до крајот на оваа година, на целосно електричен BMW iX2.
Сегашното темпо на продукција во фабриката е 1.000 единици од моделите BMW 1 Серија, BMW X1 и BMW X2 секој работен ден, наменети за купувачите ширум светот. Фабриката на BMW Group во Регенсбург неодамна стана првата фабрика на автомобилската индустрија во светот која користи дигитализиран и автоматизиран процес од крај до крај за проверка, обработка и обележување на обоените површини на возилата со помош на вештачката интелигенција.


