Двојно поголема продажбата на ЕВ во 2022 година
Групацијата BMW повеќе од двојно ја зголеми продажбата на целосно електрични возила во 2022 година и планира да го зголеми уделот на ЕВ во вкупната продажба на 15 проценти во 2023 година. Вкупниот број продадени возила лани беа за околу 100.000 примероци помалку од 2021 кога се прокнижени 2,4 милиони автомобили на групацијата. Брендот BMW продаде 2,1 милиони возила, што е помалку од рекордното високо ниво од 2,2 милиони во претходната година, бидејќи проблемите во ланецот на снабдување и изолациите во Кина поради коронавирусот ги пореметија плановите. Во ова имаше удел и европската инфлација која влијаеше на побарувачката. BMW ја проширува својата комплетна гама на електрични возила за да привлече повеќе купувачи и ќе започне со испораки на својот прв целосно електричен знаменосец, седмата генерација на лимузината Серија 7. Процентот на целосно електрични автомобили во вкупната продажба беше близу 10 проценти.


