BMW X3 M и X4 M :: Според вистинскиот рецепт

Според вистинскиот рецепт

Пред женевската премиера BMW го пополни врвот на понудата на X3 и X4 со нивните перформансни верзии со ознаката M

Објавено на 20 февруари 2019 година

На X3 и X4 M можеби и премногу се чекаше, но затоа можат да се пофалат со својата голема сила. Тоа всушност е и првиот чекор во рецептот за создавање на вистински М-автомобил и сосема е логично дека BMW тука нема да разочара. Посебно не затоа што за оние на кои 480-те коњски сили нема да им бидат доволни се наменети Competition изведбите со 510 коњи. Извлечени се од новиот 3-литарски битурбо мотор и спарени со 8-степен M-Steptronic менувач. Стандардниот xDrive погон им дава предност на задните тркала, но овозможува избор на неколку подесувања со кои сета сила се испорачува напред или назад. Каросеријата има поголема крутост, ослонувањето е унапредено а вграден е и активен диференцијал. Дел од М-пакетот се и силните сопирачки, амортизерите чија тврдина се подесува и големите тркала од 20 или 21 инч. Исто и забрзувањето до 100 на час за малку над 4 секунди и максималната брзина 280 односно 285 километри на час во Competition изведбите.

M-верзиите на X3 и X4 ќе се препознаваат по мускулесто доработената каросерија, дотераната маска и двата пара издувни цевки. Внатре се среќаваат спортски седишта и управувач, посебна инструмент табла и разни украсни елементи од алуминиум, карбон и кожа. Баварскиот производител потврди дека нивното производство ќе започне во април во фабриката во Јужна Каролина, но не ги објави цените.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER