BMW серија 7 :: Моќен изглед и престижна внатрешност

Моќен изглед и престижна внатрешност

Кај новата серијата 7 на BMW нема ниту трага од некаква елеганција, туку сé е подредено да се покаже сиот престиж со кој располага
Објавено на 21 јануари 2019 година

BMW ја смени дизајн-политика – сега на дневен ред се моќта и престижот. Жив доказ за тоа е новата серијата 7, кај која огромните бубрези со кои располага толку доминираат со погледот што дури кога тој ќе успее да се оттргне од нив ќе се забележи складноста на површините на предниот дел. Посебно на браникот во кој веќе ги нема дневни или светла за магла. Тие се интегрирани во главните светла кои по избор можат да бидат прилагодливи ЛЕД или ласерски, кои осветлуваат дури до 560 метри пред возилото. Помали се и отворите за воздух од кои страничните се аеродинамично изведени. Масивноста владее и на површините на силуетата која е разбиена со стилски додатоци од хром. На задниот дел кој има доживеано најмалку промени се забележува огромната издувна артилерија која ја навестува моќна на погонските единици.

А тие после принудниот одмор на некои од нив заради задоволување на новите WLTP норми, повторно ќе бидат комплетирани. Ги предводи 6,6 литарскиот V12 со 585 коњски сили, кој доаѓа со филтер за цврсти честички за намалување на емисиите. Осумцилиндричниот агрегат со своите 530 коњи е презеден од серијата 8, а шестцилиндричната единица е хибридно засилена на 394 коњски сили. Дизели се претставени со познатиот трилитарски мотор со три нивоа на моќност во распон од 265 до 400 коњски сили. Осумстепениот автоматски менувач е подобрен, а поголем дел од гамата стандардно има погон на сите тркала. Габаритите не се менувани, а серијата 7 како и досега ќе се нуди со нормално и продолжено меѓуоскино растојание.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER