BMW Neue Klasse – Една третина од iX3 е направена од рециклирани материјали

Во својот прв модел Neue Klasse, BMW става акцент на користење на „зелени“ материјали.

Пред премиерата на iX3, закажана за следниот месец на саемот во Минхен, BMW објави нови детали за првиот модел од новата класа возила. Целосно електричниот кросовер ќе понуди над 600 километри автономија, уникатен ентериер и многу вештачка интелигенција.

Сега, има уште една значајна поента. Приближно 33 проценти од iX3 ќе биде направен од рециклирани материјали. BMW вели дека применил она што го нарекува „дизајн за кружност“.Со други зборови, дал приоритет на употребата на секундарни (рециклирани материјали) секаде каде што можело.

На пример, материјалот PET (полиетилен терефталат)  се употребува во некои од навлаките за седишта. Поклопецот на моторот и просторот за складирање под предната хауба, користат 30 проценти суровина од пластика извадена од морето, како стари рибарски мрежи, јажиња и друг отпад.

BMW не застана тука. 80 проценти од алуминиумот во носачите на тркалата и вртливите лежишта се рециклира, додека 70 проценти од тркалата се од рециклиран алуминиум. Сето тоа е добро, но што ако кругот на рециклирање додаде повеќе јаглерод во атмосферата отколку што заштеди?

BMW очигледно размислувал за тоа од почеток до крај со iX3.Системот со висок напон се потпира на 50 проценти секундарен кобалт, литиум и никел и користи обновливи извори на енергија за производство на анодни и катодни материјали и батерии што ги користи. Вкупно, емисиите на CO2 во синџирот на снабдување се намалени за 35 проценти.

Тоа овозможува iX3 да ги намали вкупните емисии по само една година, или 21.500 км употреба.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER