BMW Neue Klasse – Специјално за Кина

BMW ќе произведува Neue Klasse автомобили во Шенјанг од 2026 година, но тука нема да запре…

BMW ќе дизајнира автомобили врз основа на својата електрична платформа Neue Klasse специјално за кинескиот пазар, изјави извршниот директор Оливер Ципсе. Толку е сериозна одлуката што кинеските дизајнери во BMW веќе развиваат варијанти на возила базирани на Neue Klasse.

Иако не сакаше да открие многу поединости, првиот човек на сино-белиот пропелер рече дека неговата компанија работи на развој, преку своето дизајнерско студио во Шангај, на специјални дизајни и функции за модели специфични за Кина од новата класа. Првиот електричен автомобил базиран на Neue Klasse ќе биде лимузина со големина од серијата 3 што ќе биде лансирана во 2025 година, а потоа ќе следи теренец.

Првично моделите Neue Klasse ќе се произведуваат во новата фабрика на BMW во Дебрецен, Унгарија и фабрика на BMW во Минхен. Во 2026 година следува производството во Шенјанг, и лпмечно, во Сан Луис Потоси, Мексико во 2027 година.BMW планира да лансира шест модели базирани на архитектурата Neue Klasse до 2027 година.

Автомобилите Neue Klasse ќе користат нови цилиндрични батерии за кои се вели дека даваат 30 проценти поголема густина на енергија од сегашните призматични ќелии, што ќе помогне да се зголеми опсегот на возење за 30 проценти. Баварцете многу вложуваат во технологијата на водордни горивни ќелии.

Платформата Neue Klasse ќе се искористи за возило што ќе го придвижува оваа технологија бидејќи и таа е овозможува движење со нулта емисии и дава широка перспектива на употреба.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER