Не, не е видео игра
BMW M5 Competition до максималната брзина забрзува побрзо отколку што Германец ќе може да каже Rinderkennzeichnungs- und Rindfleischetikettierungsüberwachungsaufgabenübertragungsgesetz
Објавено на 12 октомври 2018 година
Од 0 до 307 km/h скоцкани во кратко видео кое сé кажува. За него се заслужни 625-те KS и 750-те Nm извлечени од 4,4 литарскиот V8 битурбо мотор на BMW M5 Competition кои според спецификациите го забрзуваат до 100 km/h за 3,3 секунди и постигнува максимални 250 km/h. За снимкава е заслужен опционалниот M Drivers Package кој го ослободува од електронските пранги баварскиот ѕвер кој со него чини 129.350 евра.
П.С. Терминот наведен во поднасловот навистина постои и е скратен (?!) назив за еден германски закон
Видео