BMW M5 со мотор од VW

Личната лимузина на шефот на Volkswagen

Сосема случајно, на површина исплива една непозната тајна

Кога VW групата во 1998 година ги презеде Bentley и Bugatti, шефот на концернот Фердинанд Пих побарал да се развие нов мотор различен од конкуренцијата. Инженерите ги засукаа ракавите и подготвија серија агрегати со необичен концепт – W8, W10, W12 и W16. Пих, и самиот инженер, посакал самиот да ги тестира, што беше проблем за 10-цилиндричната верзија – во тоа време во групата не постоеше автомобил во кој можеше да се вгради. Решението беше побарано во Минхен, од каде беше набавен примерок од BMW M5 од Е39 серијата во кој беше вграден агрегатот за тестирање кој имаше 5 литри работна зафатнина, 450 до 500 KS и 550 Nm.

За разлика од другите, овој мотор не стигна до сериското производство но Фердинанд Пих бил толку задоволен од него што ја користел баварската спортска лимузина за приватни цели. По некои чудни канали автомобилот завршил во колекцијата на белгиската тркачка работилница GDM Motors, која реши да го продаде и така се дозна  за него.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER