BMW M3 Neue Klasse – Доаѓа во 2027 година

Баварците потврдија дека новото М3 ќе биде електричeн, но останува и верзијата со класичен мотор

Две недели по претставувањето на Vision Neue Klasse во Минхен, од BMW дојде уште една возбудлива вест. Следната генерација на M3, чие лансирање е прелиминарно закажано за 2027 година, ќе има целосно електрична верзија. Според распоредот најавен од BMW, новата серија 3 ќе дебитира во 2025 година и сосема очекувано е по неа да се лансира и моќната М3 изведба.

Новата платформа овозможува голема модуларност на погоните па не чуди што, покрај модерниот погон, ќе има место и за класиката. Таквата одлука сигурно ќе им се допадне на сите што ги сакаат врвните перформанси зачинети со звукот на цилиндрите и мирисот на бензинот. Се работи на нов мотор, најверојатно базиран на постоечкиот „шестак“, што ќе биде дотеран според Еуро 7 нормите и би требало да испорача повеќе од сегашните 550 коњи. Дали во тоа ќе помогне електрификацијата сé уште не се дискутира. Според шефот за развој на производи на BMW, Франк Вебер, платформата Neue Klasse има голем потенцијал, особено за електричниот погон.

Таа може да подржи моќност до 1.000 kW (1.340 КС) што би се добивала од четири мотори поставени на секое тркало, но остана резервиран дали такво решение ќе се примени на M3 EV и колкава моќност би била во игра. На тоа ќе се работи следните години. Ако M3 EV достигне приближни вредности, тоа ќе биде двојно повеќе сила во однос на верзијата со мотор на внатрешно согорување. Згора на тоа, електричната верзија ќе влезе во друштвото на хипер автомобили кои нема да можат да се пофалат со својот звук, но перформансите ќе го надополнат тој недостаток. Голема предност на електричната архитектура е што ќе им овозможи на возачите да имаат апсолутна контрола врз погонот, индивидуални дотерувања, па дури и на секое тркало посебно, сугерирајќи на векторирањето на вртежниот момент.

Новите можности ќе овозможат перформанси што ги очекуваат поклониците на „најбрзата буква во светот“. Сосема е извесно M3 EV да се оствари во 2027 година што е две години по лансирањето на Neue Klasse (новата серија 3). Баварците никогаш не пукале во празно и според реченото, сигурно е повеќето планирани решенија да се во финална фаза на конципирање, по што ќе следи периодот на аплицирање и тестирање. Времето ќе покаже дали периодот од четири години е доволен инфицираните со октани да го прифатат новиот електро шок што се подготвува во лабораторијата М.?!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER