Камелеонска надворешност, дигитализација и одржливост се лајт мотивите на новиот баварски концепт. Ова е вториот концепт кој се претстави како предвесник на идната генерација електрични возила на BMW, на саемот за конзумерска електроника во Лас Вегас, покажува како може да се интегрира традиционалното со футуристичкото размислување. i Vision Dee (што значи Дигитално емоционално искуство) се фокусираше на одржливост и употреба на рециклирани материјали.