BMW i3 – Рекордер на маратонски растојанија

За три дена , 2 часа и 41 минута, BMW i3 помина 5.887 километри со само 2 часа, 45 минути и 54 секунди поминати на брз полнач!

Со својата Neue Klasse, BMW не прекинува да изненадува во најдобра смисла на зборот. Последниот подвиг Paneuropeana, BMW i3 помина низ осум земји, совладувајќи растојание од 5.886,7 км по автопатишта, регионални патишта и низ градови. Почетната точка беше Нордкап во Норвешка а финишот во Тарифа во Шпанија. Во просек, возилото потроши само 12,5 kWh на 100 км. Оваа бројка е всушност под официјалната WLTP комбинирана потрошувачка на енергија, која изнесува 18–13,4 kWh/100 км. Самото време на возење изнесуваше 3 дена, при просечна брзина од 79,7 км/ч.

За време на патувањето, BMW i3 50 xDrive се полнеше исклучиво на јавно достапни полначи, кои се дел од националните мрежи за полнење во соодветните земји. BMW i3 50 xDrive, со кој постојано управуваше еден инженер, беше придружуван од уште еден идентичен BMW i3 и еден BMW iX3 50 xDrive, кои служеа како придружни возила.

Во текот на целата маршрута се потрошија само 2 часа, 45 минути и 54 секунди за полнење на батериите со просечна моќност на полнење од 275 kW. BMW i3, првиот целосно електричен модел од серијата 3 е заснован на платформата Neue Klasse користејќи ја шестата генерација на технологијата BMW eDrive.

Таа вклучува сосема нови високонапонски батерии со цилиндрични ќелии, високо ефикасни електромотори, 800-волтен систем и можност за двонасочно полнење. BMW i3 50 xDrive, опремен со по еден електромотор на предната и на задната оска. Системот испорачува вкупна моќност од 345 kW и максимален вртежен момент од 645 Nm. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 4,7 секунди.

Возилото поседува високонапонска батерија со капацитет од 108,7 kWh, составена од цилиндрични литиум-јонски ќелии. Овозможува максимален досег до 912 км (според WLTP стандардот), а максималната брзина изнесува 200 км/ч.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER