Портал во дигиталниот свет

Камелеонска надворешност, дигитализација и одржливост се лајт мотивите на новиот баварски концепт

Вториот концепт кој се претстави како предвесник на идната генерација електрични возила на BMW, на саевот за конзумерска електроника во Лас Вегас, покажува како може да се интегрира традиционалното со футуристичкото размислување. i Vision Dee (што значи Дигитално емоционално искуство) се фокусираше на одржливост и употреба на рециклирани материјали.

Формата на традиционална три волуменска лимузина комбинира мазен футуристички изглед со класични аглести дизајнерски ноти типични за BMW, нов дизајн на карактеристичната бубрежна решетка и познатиот облик на задниот дел.

Иако е малку веројатно дека идните модели на BMW ќе изгледаат како i Vision Dee, концептот потенцијално најавува неколку дизајнерските елементи кои ќе се видат на електричните модели што ќе бидат претставени до средината на деценијава, најавувани како Neue Klasse (Нова класа).

Баварците иднината ја гледаат шарено и тоа го демонстрираат преку каросеријата која, според воља на возачот може да менува 32 бои и нивни комбинации. Тоа го овозможува површината на каросеријата поделена на 240 поединечни сегменти што овозможува речиси бесконечни комбинации.

Страничните прозорци на концептот се обработени со специјален филм за проекција овозможувајќи прикажување на аватар на возачот на површината на прозорецот.

Наместо класична низа на решетки и светла, i Vision Dee користи „фигитални“ икони, комбинација на физички и дигитални, на предните и задните светла и решетката. Резултатот од ова, освен намалувањето на бројот на физички делови,  е тоа што „лицето“ на автомобилот може да се користи за да се пренесе низа емоции како што се радост, зачуденост или одобрување.

Внатрешноста на концептот е минималистичка и без традиционалните контроли. Возачот треба само со прст да помине преку лизгачкиот сензор поврзан со head-up дисплејот за да одлучи колку зголемена дигитална содржина сака да види проектирана на шофершајбната, почнувајќи од никаква до целосно виртуелно потопување кое се нарекува „замаглување на реалноста“.

Така, самото возило станува портал во дигиталниот свет, а тоа потполно го контролира возачот. Иако замаглувањето на границите на реалноста може да биде многу далеку во однос на автомобилската технологија за секојдневна употреба, BMW вели дека ќе започне со воведување head-up дисплеи во целосна ширина на ветробранот во моделите од следната генерација од 2025 година наваму.

Спроведена на вистински начин, технологијата создава вредни искуства, ќе ве направи подобар возач и едноставно ќе ги зближи луѓето и машините, тврдат развојните инженери на BMW.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER