BMW Group – Се враќаме во градот на светлината!

BMW и Mini ќе се вратат на автосалонот во Париз во 2024 година по шестгодишно отсуство, Rolls-Roce уште се мисли

Веднаш по одржувањето на Оплимпијадата, стартува Париз Мотор Шоу на кои BMW и MINI ќе го споделат штандот на саемот, кој ќе се одржи од 14 до 20 октомври 2024, и најавени се многу новитети. BMW ќе ги покаже мускулите во Париз. Барем така се најавува од таборот на Баварците кои се подготвени да ги покажат своите производи на иднината.  BMW се подготвува да ги лансира новите генерации БЕВ.

Neue Klasse за кои вели дека ќе имаат 30 проценти подолга автономија од сегашните електрични возила и понапредни софтверски карактеристики ќе бидат ѕвездите на салонот. На рака на тоа оди и договорот за соработка со хрватскиот Rimac кој ќе ги поддржи германците во намерите. Враќањето на BMW на саемот во Париз ја нагласува зголемената загриженост што ја имаат европските производители на автомобили за зголеменото присуство на кинески брендови во Европа. BMW и неговите германски ривали Mercedes-Benz и Volkswagen Group го прескокнаа автосалонот во Женева во февруари, оставајќи го теренот отворен за кинеските производители на автомобили како што се BYD и MG Motor.

BMW последен пат изложуваше на саемот во Париз во 2018 година. Сега е вистинско време Баварците да се „вратат во шините“, особено во Париз каде беа претставени многу битни модели на марката. Уште е неизвесно учеството на британската балгородна марка, дел од  групацијата BMW. Rolls-Royce има поинаква агенда и фокусирана е кон истокот. Сепак, до одржувањето на Парискиот мотор шоу има уште шест месеци,и дите изненадувања се извесни…

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER