BMW – 8,4% во минус

Вести

Црвени бројки

Во пандемичната 2020 продажбата на групацијата BMW опадна за 8,4 проценти

објавено 14. јануари 2021

Кога ја сумираме минатата година сите ставаме негативен предзнак. Овој тренд е изразен на автомобилскиот пазар со пад од една четвртина на глобално ниво. Групацијата BMW забележа негатива од 8,4 проценти, подвлекувајќи црта на 2.324.809 примероци. Ситуацијата се подобри нешто во последниот квартал со раст од 3,2 проценти. Основата на марката, автомобилите, забележаа 2.028.659 испораки (минус 7,2 проценти), додека M GmbH објави рекордна година со своите перформансни модели со пораст од шест проценти на вкупно 144.218 единици. Mini минатата година забележа пад на продажбата од 15,8 проценти и продаде само 292.394 автомобили. Рекордер во падот во рамките на групацијата е благородниот Rolls-Royce чии испорачани 3756 возила означија негатива од 26,4%. Најмал минус прикажа пласманот на BMW мотоциклите со 169.272 единици кои беа 3,4% под резултатот од претходната година. Како и да е, тоа беше втора најдобра година досега за дивизијата со две тркала во групата.