Најубавиот BMW сега и официјално
Без сомнеж, ова е моментално најубавиот BMW
Објавено на 20 јуни 2019 година
Серијата 8 доби принова, а CLS, A7 и Panamera лут ривал. Значително поатрактивен, BMW 8 Gran Coupe се искачи за две скалила повисоко од претходникот, серијата 6 со истиот суфикс. Неговото значење како статусен симбол е неспорно, а во однос на истоименото купе доби две дополнителни врати и 23 сантиметри во должина, кои го редефинираат во поинаква пазарна сфера во која практичноста не е подредена на изгледот. За него пак е излишно да се зборува – тоа ќе го покаже видеото.
Видео