BMW 7 – Најмоќниот досега

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Седма генерација на династијата Седум

Поминаа 45 години од претставувњето на првата серија 7. Од тогаш овој модел постојано ги возбудува духовите и носи новини во светот на луксузните автомобили. Таква е седмата генерација која покрај, трендовската потполно електрична изведба i7, има верзии со бензински и дизел мотори потпомогнати со хибридна технологија. Нема двојба дека иднината BMW ја гледа во електрификацијата и сериозно ја сваќа својата цел да достигне продажба од 10 милиони електрични автомобили до 2030 година вклучувајќи ги своите британски марки Mini и Rolls-Royce. Што се однесува до изгледот, применет е препознатливиот рецепт. Покрај типично огромната маска монументалниот изглед е продолжен по целата каросерија и поставен е на зголемено меѓуоскино растојание. Најлуксузната баварска лимузина паралелно добива верзии со мотори на внатрешно согорување и потполно електрична изведба. Кога ќе се појави на пазарот, годинава во ноември, „седумката“ во Европа ќе настапи во електричната изведба, додека во Америка и Кина со два бензински мотори. Влезниот модел е три литрениот реден „шестак“ со турбо и 375 коњи, посилен за 40 КС во однос на претходното издание. Посилната верзија е наоружана со V8 бензинец со 4,4 литри, кој со благ хибриден систем стига до максимални 536 коњи и ја фаќа „стотка“ за 4.2 секунди. Не изненадува фактот дека електричниот М70 х-Drive е нај доминантен по прашање на перформансите. Двата електромотори се хранат од батерија со капацитет од 101.7 kWh која може да се полни на брз полнач од 195 киловати и за десет минути повлекува струја за следни 130 километри возење. Вкупно 441 киловати и повеќе од 1000 њутн метри се доволни за спринт пократок од четири секунди и го означуваат најмоќното BMW хомологирано за секојдневна употреба. Двете верзии стандардно имаат електронски контролирано адаптибилно воздушно потпирање со автоматско нивелирање на растојанието од подлогата. На листата се приклучува интегралното управување на сите тркала. Нај маркантно внатрешно остварување е закривениот екран од 12,3 инчи за возачот споен со поголем екран од 14,9 инчи задолжен за инфозабава. Нив ги контролира последната генерација Live Cockpit Plus систем кој како платформа го користи iDrive 8 софтвер. Впечаток е дека BMW новата седумка ја предодреди за патниците на задните седишта. Меѓу опциите се наоѓа екран од 31.3 инчи во 8K резолуција, па задниот дел може да се претвори во место за проекција на филмови или одржување видео состаноци. Патниците имаат команди на системот преку 5.5 инчни таблети вградени во вратите. Поркај кристалната проекција BMW најавува и кристално аудио репродуцирање од Bowers & Wilkins Diamond Surround Sound систем со 36 звучници. Со оглед дека продажбата започнува кон крајот на есенва, сé уште не се споменува цената. На почетокот на идната година во игра ќе се приклучи дизелската верзија.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER