BMW 5 – Пристигна кај нас

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Најпопуларната деловна лимузина го оправдува епитетот

Осмата генерација на BMW серија 5 е веќе дел од репертоарот на увозникот М-Кар. Како што беше ветено за време на официјалното претставување во мај, новитетот пристигна во Македонија дури и пред време.

Надминувајќи ја должината од пет метри, каросеријата е скроена елегантно, комфорна е и зрачи со динамичност. Според номенклатурата и димензиите, сместена е помеѓу спортската серија 3 и луксузната серија 7, а во живо делува дека во неа се слеани атрибутите на двата модели. Доволно одмерено дизајнирана со силно изразени светлосни групи, таа подеднакво ќе одговара на секојдневните потреби во градскиот сообраќај и долгите патувања.

Според стратегијата на BMW, од  почетокот достапни се изведби со мотори на согорување, бензински и дизел, како и електричниот погон. Цените започнуваат од 70.910 евра за 520i, додека најевтиниот дизел  520d дури е поевтин од бензинецот за 630 евра. Основниот погон е на задните тркала, а љубителите на xDrive ќе треба да доплатат 3.200 евра за дистрибуција на силата на сите тркала.

BMW нуди две изведби со електричен погон. i5 eDrive40 започнува од 89.000 додека i5 M60 xDrive од 121.600 евра. Од почетокот на идната година во понудата ќе се вклучат изведбите со посилните шест цилиндерски мотори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER