Два нови шест цилиндрични дизели

Блага хибридизација на моќниот дизет

објавено 27. јануари 2021

Март е месец кој беше резервиран за Женева каде Баварците секогаш имале забележителен настап. Тоа годинава нема да се случи па за третиот месец BMW најави два новитети. Како предвесник на моќната М5 СЅ на сцена стапува проширувањето на асортиманот за серијата 4. Новата варијанта е засилена со два шест цилиндрични дизели. Посилната изведба на купето е M440d x-Drive со 340 коњи и камионски 700 Nm вртежен момент. За нијанса послаби карактеристики има 430d со X-Drive чиј шестак испорачува 286 коњи и 650 Nm. И во двата случаи, под хаубата е ангажиран три литарски шестцилиндричен дизел со блага хибридна технологија, кој има стартер-генератор со 11 КС. BMW M440d x-Drive Coupé има спортски диференцијал и забрзува до 100 км/ч за 4,6 секунди, додека на 430d потребни се 5,1 секунда. За контињата понудени се низа дополнителни елементи за ко треба добро да се одврзе ќесето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER