Бомбардерската верзија BMW X6 M со 4,4-литарскиот M Twin Power Turbo V8 со 600 КС офарбана во Java Green Metallic е шест милионитиот BMW произведен во Спартанбург и наместо да оди кај купувач тој ќе биде задржан во фабричката историска колекција. Пред 30 години оваа фабрика започна со производство на автомобили а првиот милион е забележан во февруари 2006 година и тоа беше Z4 M Roadster. Кусо по тоа оваа фабрика беше одредена да произведува само спортско корисни возила па останатите милиончиња одеа на конто X3 xDrive35i, BMW X5 M, BMW X3 xDrive M40i, BMW X5 M Competition и актуелниот BMW X6 M.
