BMW – Се приближува до Tesla

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Најпродаван европски премиум струјаџија

Бележејќи 172.011 продадени БЕВ, BMW освои двојна круна

Втора година по ред BMW е најпродаван премиум бренд во светот со вкупно продадени 2.1 милион возила. На овој скор помогна продажбата на електричните модели со кои Баварците се пласираа пред Audi и Mercedes-Benz. За воља на вистината се работи за мала разлика, но сепак од големо значење. Помогнат од моделите како што се i4 и неодамна лансираниот луксузен седан i7, BMW ја зголеми продажбата на електрични возила со батерии за 148 проценти на 172.011 во 2022 година. Најпродаван на брендот, сепак, беше целосно електричниот iX3 со волумен од 55.136 единици. Ауди, пак, го надмина Мерцедес со помалку од 400 склучени продажни договори и се пласира на второто место. Испораките на ЕВ на Audi се зголемија за 44 отсто минатата година, додека Mercedes повеќе од двојно ја зголеми продажбата на целосно електрични модели. Шефот за продажба на Audi, Хилдегард Вортман, рече дека се забележува голема побарувачка на Q4 E-tron и E-tron GT quattro. Audi веќе доби многу преднарачки за новиот Q8 E-tron иако неговото лансирање се очекува на пролет. Почнувајќи од 2026 година новите модели на Audi ќе бидат исклучиво целосно електрични автомобили. Volvo беше четврти меѓу европските брендови со речиси 67.000 продажби на своите C40 и XC40 EV.

Сестринскиот бренд на Volvo, Polestar, ја зголеми продажбата за 80 отсто на 51.500. Сестринската марка на BMW, Mini, продаде речиси 44.000 ЕВ во 2022 година, што е пад од 1,3 отсто во однос на 2021 година. Mini Cooper SE засега е единствениот БЕВ модел. Иако сите европски брендови значително го зголемија својот волумен на ЕВ, тие продолжуваат да се натпреваруваат за второто место. На врвот повторно е Tesla која според продажбата до декември во Европа продаде 176.302 возила.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER