BMW серија 1 » Практичен, атрактивен и со преден погон

Практичен, атрактивен и со преден погон

После многу најави, BMW ја претстави нова генерација на својот најмал модел

Објавено на 28 мај 2019 година

Со новата серија 1, BMW го испраќа во историјата единствениот компакт со погон на задните тркала. Кај третата генерација на баварскиот атлет тоа е најважната новост која привлекува големо внимание од љубителите на марката. Архитектурата е унапредена верзија на онаа од Mini и X1 и со право инженерите на BMW се горди на неа. Полесна е и што е побитно, компатибилна е со електричните погонски групи. Дебитираше во новиот хечбек обезбедувајќи му повеќе простор не само заради попречно сместениот мотор и недостатокот на централен тунел за карданското вратило. Серијата 1 сепак ќе биде на располагање и во верзии со погон на сите тркала, кој ќе ги унапреди перформансите за кои Баварците имаат само пофалби. За нив треба да бидат заслужни моторите со три и четири цилиндри и работна зафатнина од 1,5 и 2 литри. Бензинците засега се со 140 и 306 коњски, а дизелите со 116, 150 и 190 коњи. Понудата во иднина секако ќе биде збогатена, но електрични или барем хибридни верзии сé уште не се споменуваат.

Третата генерација на серијата 1 ќе биде на располагање само со 5 врати. Затоа и ја опишуваат како практична. Од Минхен додаваат уште и дека има доста повеќе простор за патниците на задните седишта, а зголемен е и багажникот чија врата се отвора електрично. Внатрешноста е модернизирана, а надворешноста делува некако веќе видено. Главно заради сличностите со X2 изгледа помускулесто и малку помасивно. Бубрезите на маската како да поминале третман со стероиди, а светлата се дијагонално поставени. Задниот дел е изразито полут, а тркалата нараснаа до 19 инчи. Иновативни технологии има доста и од нив се издвојува системот против пролизгување презеден од електричниот i3.

Јавноста за прв пат ќе ја види новата серија 1 дури во септември, на салонот на автомобилите во Франкфурт. Продажбата ќе ѝ стартува пред крајот на годината, по цени кои во Германија ќе започнуваат од 28.200 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER