BMW – Нова генерација батерии

Поевтино и поефикасно

BMW има за цел да ги намали цените на батериите за 30% со следната генерација батерии. Ќелиите на Neue Klasse (нова класа) имаат висока густина на енергија и ќе бидат употребени во новата платформа за електрични возила. BMW соопшти дека архитектурата Neue Klasse треба да дебитира во идната генерација на Серија 3 која ќе се произведува од 2025 година. Германците градат новата фабрика во Унгарија од каде ќе излегуваат само возила со електричен погон на батерии. Минатата година производителите на автомобили плаќаа на добавувачите во просек по 118 долари за секој киловат час капацитет на литиум-јонските батерии за потполно електрично возило. Новата форма на ќелиите овозможува поголем капацитет на складиштење на енергијата, зголемување на опсегот на возење и намалување на цената на батеријата за 30%. Во предвид треба да се земе потенцијалот истата платформа да послужи во различни модели на Баварците.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER