Блиндирана Škoda Kodiaq

Само за Англичаните

Британската филијала на Škoda во соработка со експертите за безбедност од компанијата UTAC Special Vehicles разви блиндирана верзија на Kodiaq, базирана на моделот од првата генерација. За да послужи за намената возилото доби низа модификации, од кои за многу да не се разликува од стандардните изведби надворешните се ограничени само на светлата за предупредување во маската и браникот. Во внатрешноста пак 8-инчниот екран на инфо-забавниот систем е претворен во уред за комуникација опремен со ГПС и посебни контроли за светлата и сирените. Она што не се гледа се стаклата отпорни на куршуми и значително модификуваната кабина која е заштитена со челичен оклоп. Заради поголемата тежина засилени се ослонувањето и сопирачките, а тркалата овозможуваат да се продолжи со возење и кога пневматиците се издишани. Погонската механика не е менувана што значи дека купувачите можат да ја бираат по својата желба. Возилото сертифицирано според стандардите PAS 300 и 301 е отпорно на стрелба од различни видови оружје – пиштоли и пушки, а може да издржи и експлозии.

Ова е втор блиндиран модел на Škoda во велика Британија – претходниот беше Superb претставен 2018-та од кој се продадени скоро 500 примероци.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER