Black Chili Driving Experience :: Со Continental во Јужна Франција

Со Continental во Јужна Франција

Гумарскиот гигант Continental од неодамна започна интересна наградна игра за регионов

Објавено на 2 април 2019 година

Сакате да возите ексклузивни автомобили во Јужна Франција? Continental ќе ви го овозможи тоа преку наградната игра Black Chili Driving Experience. „Тајниот зачин”на компанијата помага на пневматиците да постигнат уште подобри перформанси. Како резултат на интензивни истражувања, иновации и развој на производи, неговото воведување значително ја подобри ефикасноста на возењето и сопирањето на летните ултра- перформансни пневматици, истовремено намалувајќи го отпорот на тркалање со што тие се потрајни во секојдневна употреба. ContiSportContact 5, ContiSportContact 5P и SportContact 6 се особено погодни за спортски автомобили и теренски возила, но и за електромобили. Нивниот квалитет може да биде демонстриран со фактот дека Continental е во водечка позиција кога станува збор за фабрички вградувани пневматици – скоро секое трето ново возило во Европа излегува од производство опремено со пневматици од оваа марка, меѓу другите и во Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG и Audi RS3 со кои најсреќните ќе се дружат на наградното патување кое ќе се одржи од 23 до 26 мај. Среќниот победник може да донесе уште една личност по негов избор за да заедно ги почувствуваат свиоците на Прованса и да го доживеат Black Chili Driving Experience искуството. Дополнителни информации можат да се најдат на www.blackchili.mk.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER