Mercedes-Maybach S-Class :: Беше еднаш еден Mercedes…

Беше еднаш еден Mercedes…

Меѓу другите бројни новитети, Mercedes на претстојниот салон на автомобилите во Женева ќе претстави уште полуксузно издание на S-класата под знакот на Maybach
Објавено на 14 февруари 2018 година

Приказната е долга но ќе ја скратиме – најновото од Mercedes се вика Maybach S-Class и е врв на луксузот каков не може ни да се замисли. Со дополнителни 25,4 сантиметри меѓу оските во однос на актуелната S-класа со веќе продолжено меѓуоскино растојание, Mercedes-Maybach Sултралуксузниот Maybach S претставува одговор на Mercedes на британското благородништво. Меѓу деталите на 5,46 метри долгата каросерија кои го дистанцираат Maybach од S-класата се хромираната маска со вертикални решетки и поинаква боја на боковите на автомобилот чија пространа внатрешност е обложена со најквалитетните достапни материјали. Купувачите можат да бираат меѓу девет двобојни комбинации на каросеријата усогласени со оптимални комбинации на бојата во кабината чија звучна изолација е на ниво на врвно студи за тонско снимање.

Mercedes-Maybach S се нуди со две погонски опции. Зад ознаката S560 се крие 4,0 литарски битурбо V8 мотор чи 469 KS и 700 Nm се доволни за забрзување до 100 km/h за 4,8 секунди. Оние кои не се склони на компромис ќе ја изберат S650 верзијата која е задвижувана со 6,0 литарски битурбо V12 мотор со 630 KS и 1.001 Nm максимален вртежен момент.

Mercedes-Maybach S

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER