Нови цени на горивата :: Бензинот за два, а дизелот за еден денар поскап

Бензинот за два, а дизелот за еден денар поскап

Објавено на 4 март 2019 година

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги поскапе горивата, и тоа бензинот за два, а дизелот за еден денар. Според нивната одлука, причината за овао поскапување лежи во берзански цени – на суровата нафта која на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период се покачи во просек за 4,77% и референтните цени на нафтените деривати кои кај бензинот се зголемија за 9,18%, а кај дизелот за 4,73%. Поскапувањето на дериватите минимално го ублажи намалувањето на цената на доларот во однос на денарот за 0,625%. Со земање превид на сите овие фактори кои според Методологијата влијаат на структурата на цените на горивата кај нас, нивното прилагодување заврши со просечно зголемување на малопродажните цени за 2,24%. Така, од ноќеска на полноќ за литар еуросупер БС-98 ќе плаќаме по 64,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 66,50, а за литар еуродизел Д-Е V по 61 денар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER