Bentley ја заклучи првата фаза на електрификацијата на својата гама подготвувајќи се за наредната која ќе започне во 2026 година до кога ќе биде готов развојот на првиот електричен модел на марката.
За тоа ќе биде задолжен Франк-Штефен Вализер кој на местото генерален директор на британскиот производител пред половина година дојде од Porsche. За трансформацијата на Bentley кон електрична марка тој гледа многу можности, вклучувајќи и нешто поекстремно кое сепак нема да личи на Porsche.
Но бидејќи задачата што е поставена пред него бара да се разберат купувачите, првиот електричен модел на марката ќе биде луксузен кросовер помал од Bentayga. Други конкретни детали за него воопшто не се спомнуваат додека целосната електрификација на марката е одложена за пет години, до 2035-тата.