Bentley – Flying Spur Hybrid

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Штедлив аристократ

Тешки времиња дојдоа штом и Bentley мора да се фали дека го направил најштедливиот свој автомобил досега. И тоа не било кој, туку големиот Flying Spur кој во оваа своја плаг-ин хибридна изведба бескомпромисно ги покажува амбициите на традиционалната британска марка да стане еколошки ориентиран производител на луксузни автомобили. Погонскиот систем базиран на 2,9 литарски V6 мотор испорачува електрозасилени 544 коњски сили и максимални 750 њутн-метри вртежен момент. Батерискиот блок со капацитет од 18 киловат-часа ќе го движи бесшумно и без никакви емисии четириесетина километри. Кога пак сите коњи ќе заржат ќе го лансираат Bentley Flying Spur Hybrid до 100 километри на час за 4,3 секунди и максимални 285 километри на час. Со овој модел Bentley покажува дека хибридизацијата не мора да ги загрози ниту перформансите ниту луксузот гарантиран со користењето најфини материјали и рачната завршна обработка. Затоа и од 2024 година ќе ги има во понуда сите модели со хибриден погон, а наредната 2025-та ќе биде претставен првиот електричен модел. Финалето ќе дојде во 2030 година, кога комплетната гама ќе се движи исклучиво на струја.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER