Bentley Continental GT 👟 Јуриш кон Пајкс Пик (со видео)

Јуриш кон Пајкс Пик (со видео)

Објавено на 17 јуни 2019 година

Bentley сака стогодишнината од основањето да ја залее со уште една чаша шампањско. Тоа веќе е ставено да се лади на пеколните жештини на легендарниот Пајкс Пик во Колорадо. И екипата на британскиот производител веќе е таму подготвувајќи се да го собори рекордот за сериски возила. Надежта дека ќе го сторат тоа ја гледаат во специјално доработениот Continental GT W12 со симболичен стартен број 100. Тој ќе биде во рацете на ветеранот на оваа трка Рис Милен, кој треба да ги совлада 20-те километри распоредени низ 156 свиоци за време помало од 10 минути и 27 секунди. Тој лани истото го стори со Bentayga, која го држи рекордот за најбрз кросовер на Пајкс Пик. Овојпат дури ќе му биде и полесно, бидејќи новиот Continental GT располага со 635 коњски сили. Соочувајќи се со тежината на возилото од 2.200 килограми, на испит ќе се најде и осумстепениот менувач. Колку успешно, ќе дознаеме на крајот од месецов.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER