Автомобил-ракета
Објавено на 30 мај 2018 година
Со поглед кон новата иднина, Opel се навраќа на најзначајните моменти од својата историја. Еден таков се случи во 1928-мата, кога автомобилот со ракетен погон RAK2 достигна 238 километри на час. Овој потфат дури и денес после 90 години се оценува како еден од најлудите во автомобилската индустрија. Го изведе внукот на основачот на компанијата Фриц фон Опел, кој ја постигна рекордната брзина без да носи ниту кацига. Возбудата беше преголема на настанот во Берлин на кој присуствуваа 3.000 луѓе. Футуристичкиот тркачки автомобил беше опремен со 24 сигнални ракети кои произведуваа потисок од 6 тони, а тој беше тежок само 560 килограми. Инспириран од успехот, фон Опел уште два пати ја предизвика судбината – со возило поставено на шини со кое достигна 256 километри на час и со авион исто така на ракетен погон. Да не беше големата светска криза која во 1929 година ги прекина експериментите, можеби ќе се вивнеше и во вселената.
видео