Авто Магазин сезона 25 епизода 7

Авто Магазин Сезона 25 Епизода 07
» Што кога имате екстремно многу пари? Тогаш одите во Rolls Royce и порачувате да ви украсат модел по ваш вкус и желба!
» Направен само за патека, Bugatti Bolide има подобри перформанси од болидите на формула 1. 1820 коњи и исто толку вртежен момент од W16 моторот со четири турбини доволни се преку погонот на сите тркала да стигнат до 500 км/ч!
» Infiniti QX60 е постоечки модел кому му претстојува освежување. Сепак дизајнерите не пропуштаат да кажат дека големите промени ќе се однесуваат на сите спортско-корисни возила на марката кои допрва треба да станат комерцијални!
» Несватлив е рестајлингот на 308 само една година пред да се појави потполно новиот модел. Сепак тој е тука и достапен е за македонските купувачи со зголемено ниво на опременост.
» Opel продолжува со електрификацијата на своите модели. Vivaro-е е потполно електричен модел со избор на две моќности на батериите, три големини на каросеријата и многунаменост пресудна за овој тип возила.
» Верзијата со V8 би-турбо мотор и еден куп технологија за помош на возачот ”летечката мамуза” ја трансформира од луксузна во спортска лимузина која се повеќе ќе ја возат сопствениците наместо професионалните шофери.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER