Пролетта како да ја размрда автомобилската индустрија. Покрај драмата со чиповите производителите се поставени пред нов предизвик, санкциите кон Русија. Тоа не пречи да се мечтае за иднината и да се покажуваат визиите за неа. Audi порачува дека не се откажува од караваните и го открива новиот А6. Од тронот абдицира V12 династијата која долго време седеше на врвот на Aston Martin. На Медитеранските Алпи се соочивме со фасцинантниот BMW i4. Со него го поминавме аџилакот и ни отвори нови хоризонти за електричните возила.