Транформациите се дел од тактиката за опстанок на пазарот. Повеќе марки, по експанзијата на модели, сега ги гасат оние што не носат профит. Ова се однесува најмногу на Alfa Romeo која со својот втор крос-овер Tonale сака да се врати на патот на успехот и посакува да ги достигне фантастичните бројки што ги покажа Dacia Duster која ја достигна цифрата од два милиони примероци. Многу повеќе милиони брои Toyota Corolla која сака да си ја задржи круната со уште една верзија. На тест денеска го имаме Peugeot 308 GT Line со 1,5 литрен турбо-дизел. Тоа е само дел од денешното автомобилско мени…


