Mazda BT-50 :: Австралискиот Јапонец од Тајланд

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Австралискиот Јапонец од Тајланд

Во Европа скоро заборавен, единствениот пикап на Mazda го доби својот редовен фејслифтинг
Објавено на 24 мај 2018 година

Пикапот Mazda BT-50 механички е идентичен со Ford Ranger и се произведува во нивната заедничка фабрика во Тајланд. Но затоа дизајнерски сосема е различен и однадвор на двата модела исти им се само стаклата и покривот. И додека Ranger сé повеќе го освојува светот, по некоја случајност Mazda BT-50 ја задржа популарноста само во земјите каде се вози по левата страна. Една таква е и Австралија, каде всушност е и развиен. Mazda BT-50Mazda го прилагоди посебно за овој пазар нудејќи го во верзии кои одговараат на потребите на тамошните купувачи. Меѓу нив е и камионската изведба, која може да прими и различни надградби. Остатокот од каросеријата не се многу разликува од досегашниот модел. Предната маска е ревидирана, браниците сменети а нов дизајн добија и неколку стилски детали. Внатрешноста е унапредена со неизоставните конективни системи, а опременоста дополнета со безбедносни асистенти.

Моторната понуда е идентична како и кај Ford Ranger. Основниот 2,2 литарски дизел развива 130 или 160 коњски сили, а на располагање е и помоќниот 3,2 литарски мотор со 197 коњи. Таму каде бензинот владее Mazda BT-50 ќе биде понудена со 2,5 литарски агрегат со 166 коњски сили. Погонот може да биде на задните или сите тркала, преку 6-степена мануелна и автоматска трансмисија. Овој модел на Mazda не се продава ниту во Јапонија.

Mazda BT-50

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER