Automotive Group – Проширување на амбасадорската мрежа

Чаирскиот романтичар повторно е вљубен!

Бисерно белиот Nissan Qashqai го освои срцето на Владо Јаневски. Како што вели нашиот кантавтор, тоа беше љубов на прв поглед. „Додуша еднострано, бидејки автомобилот не ме виде мене па да се вљуби, ама јас кога го видов ме обзема чувство на инстант атракција. И како во секоја љубовна приказна првичната привлечност поради модерната и префинета надворешна естетика на моделот во бисерно бела изведба со црни детали, набрзо ми се надополни со удобноста и содржините во кабината, како и перформансите во движение. Навистина сум вљубен во мојот нов Nissan Qashqai.

Задоволството стана комплетно со понудата да станам бренд амбасадор од страна на Аутомотив Груп, чест ми е да соработувам со бренд кој со децении опстојува на врвот во својата област и константно се надградува во квалитет. Однапред се радувам за секој километар поминат зад управувачот на мојот нов дом на тркала – Nissan Qashqai – добар за околината и уште подобар за мене! “– изјави Владо Јаневски кој стана бренд амбасадор на Nissan Qashqai. Сега Владо Јаневски до своите обожаватели ќе стига со помош на технологијата е-POWER која користи електричен мотор за управување на тркалата, нудејќи моментално забрзување и тивко работење. За разлика од традиционалните хибридни системи, бензинскиот мотор делува како генератор – агрегат за полнење на литиум-јонската батерија од која се храни електричниот мотор. Бисерно белиот Nissan Qashqai е врвно опремен со конективна технологија како и со напредни технологии дизајнирани да го следат патот, да се осигурат дека сите патници се безбедни и да дадат максимален мир при возењето.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER