Automobili Pininfarina – Battista стартува со три рекорди

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Луксуз и страотни перформанси

Иако се зборуваше низ кулоарите дека Battista е повеќе хипер луксузен отколку хипер перформансен модел, шпекулациите паднаа во вода. Можеби податокот дека за персонализирање на овој хипер автомобил постојат можни 128 милиони комбинации само во интериерот ќе ги фасцинира оние со „конто до небото“, но динамичките својства ќе го импресионираат секого! Automobili Pininfarina на Dubai Autodrome ги потврди своите можности и стана сопственик на два светски рекорди и еден за електрични автомобили.

Battista ќе биде произведен само во 150 примероци и секој ќе чини 2,2 милиони евра без давачки. Но цената не е еден од споменатите рекорди. Тие се однесуваат на забрзувањето од мирување до 100 км/ч и сопирањето од 100 км/ч до мирување. Електричниот погон со хомологирани 1.900 КС и  2.340 Nm фамозниот спринт до стотка го совладува за 1,86 секунди, додека до 200 км/ч  достига за 4,79 секунди. Ова се рекордите што се однесуваат во конкуренцијата на автомобили. Третиот се однесува на најдобро сопирање од стотка до мирување помеѓу потполно електричните возила. За тоа потребни му се само 31 метар!

Потполно електричниот Battista, воедно е намоќниот италијански автомобил било кога направен, а останатите вредности се потврдени и верифицирани претходно на патеката Нардо во Италија како дел од глобалната програма за развој и тестирање во средината на годинава. Хипер автомобилот достига максимални 350 км/ч и според нормата WLTP има автономија до 476 километри.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER