Италија и Stellantis повторно во клинч

Ќе одат ли Autobianchi и Innocenti кај Кинезите?

Италијанската влада како воопшто да не е задоволна со Stellantis  – после низата проблеми што ги зададе на компанијата, на повидок е уште еден. Доста сериозен бидејќи се споменува запленување на згаснатите италијански марки возила Autobianchi и Innocenti, кои некогаш беа во сопственост на Fiat но скоро три децении не се активни. Според неофицијални наводи тие би биле понудени на кинески компании кои ќе сакаат да отворат фабрики во Италија. Причината за ваков драстичен чекор лежи во мислењето на властите дека Stellantis недоволно се ангажира за автомобилската индустрија и производството на возила го сели во други земји. Теренот за „национализацијата“ на Autobianchi и Innocenti веќе се подготвува во вид на нов закон кој ќе овозможи државата да презеде марки кои не се користат најмалку пет години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER