AutoBest тркалезна маса :: Енди Палмер, Aston Martin Lagonda

Седум нови автомобили во седум години

Со доаѓањето на чело на Aston Martin Lagonda, Енди Палмер ја рестартираше компанијата стара еден век. Тој сега ни ги откри најинтересните детали од плановите за наредниот период

Објавено на 19 март 2019 година

– Се сеќавате дека успехот на компанија е базиран на планот за лансирање на седум автомобили во седум години, по еден автомобил годишно, при што секој од нив има животен век од седум години. Во временската рамка за раст на компанијата првата фаза – стабилизацијата, веќе е завршена. Втората фаза – реизградбата на клучните вредности, исто така, со појавувањето на првите три модели DB11, Vantage и DBS и сега следи проширувањето на портфолиото. Во 2015-та го претставивме концептот DBX кој сериски ќе започне да се произведува на средината на април, на почетокот само пробно за тест возила, краш тестови и слично, а нешто подоцна, после три пробни серии, и редовно. Бидејќи сé уште е далеку неговото лансирање, овој автомобил од новата гама не го покажавме тука – формалното негово претставување ќе го направиме во декември.

– Седмиот меѓу споменатите нови автомобили ќе биде седанот на Lagonda, но во ова набројување два модела сепак изостануваат. Петтиот ќе биде автомобил со централен мотор – Vanquish, а шестиот е Lagonda SUV, кој ќе биде првиот комплетно електричен модел. Ја искористивме можноста на овој салон да го објасниме. Но, да започнеме од моделот со централен мотор кој ќе се натпреварува со Ferrari, Lamborghini, McLaren и слични. Очекувањата се тој да се појави во 2021-вата а производството да му започне во 2022-рата година. Требаше да го согледаме пазарот и да створиме кредибилитет за вакво возило со централен мотор, заради што влеговме во формула 1 заедно со Red Bull – лани бевме трети во шампионатот. Истиот тим практично ги конструираше Valkyrie моделите 001 и 002. Но, ни требаше премостување – тоа е верзијата 003 која е поконкурентна. Ги употребивме структурата и телото од Valkyrie со нов V6 мотор, хибриден, и токму тој мотор ќе се најде во Vanquish. Така, ако погледнете што е направено од 2016-тата, ќе го видите развојот на целата приказна од влезот во формула 1 до хиперавтомобилот кој ќе се појави во 2022 година.

– Тоа е за Vanquish, а што се однесува до Lagonda, на неа се работи веќе цела година. Ги употребивме дизајнерскиот јазик и стајлингот од седанот од минатата година. И овој модел треба да биде лансиран во 2022-рата година, како прв електричен од луксузните брендови.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER