AutoBest – Тестирани се финалистите за 2024 година

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Крајот на ноември е терминот кога најголемото независно жири ги тестира претендентите за титулата Best Buy Car of Europe

Годинешните финалисти се ставени под лупа од страна на жирито AutoBest. Веќе одомаќени во Австрија 32 членови претставници на исто толку земји од Европа имаа интезивна дводневна програма.

Првиот ден беше резервиран за возење на четирите финалисти во секојдневен сообраќај каде се оценуваа употребливите квалитети на секој претендент за титулата. Полигонот на Австрискиот автомобилски клуб во Теесдорф беше центарот каде

BYD Dolphin, Jeep Avenger, FIAT e600 и Hyundai Kona беа донесувани во екстремни ситуации во изолирани услови. Сите четири финалисти, за прв пат во 22 годишната историја на AutoBest беа електрични возила.

Тоа е трендот што го форсира автомобилската индустрија и смерот каде се упатуваат сите марки. Кој ќе ја понесе престижната титула за 2024 година ќе се знае во средината на декември кога ќе се сумираат гласовите на сите членови на жирито според 13-те критериуми за оценување.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER