Audi RS3 – Специјален модел во ограничен број

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во знакот на „300“

Audi Sport лансира специјален модел ограничен на 300 единици

Со третата генерација на Audi RS 3 Sportback и втората генерација на RS 3 Sedan, перформансите во компактниот сегмент достигнаа ново ниво. Лимитираната изведба RS 3 технички и визуелно припаѓа на врвот на гамата. Јадрото на двата компакти е петцилиндерскиот турбо мотор со неговиот карактеристично груб звук, кој сега произведува 407 КС. Затоа, Performance Edition е посилна и побрза од која било серија RS 3 предходно. Тоа е првото возило во својот сегмент што достигнува максимална брзина од 300 km/h, што е за 10 km/h повеќе од стандардната верзија со RS динамичен пакет плус. Зголемен е вртежниот момент на 500 Nm и сега се протега помеѓу 2250 и 5700 врт/мин. Силата се пренесува на сите тркала преку седумстепен S Тronic менувач со двојна спојка.

Краткото време на менување без никаков прекин во тракцијата, спортскиот однос на менувачот и контролата за лансирање обезбедуваат врвни перформанси во возењето. Изданието RS 3 забрзува од 0 до 100 km/h за 3,8 секунди. Спортската суспензија RS со адаптивна контрола на амортизерите доаѓа како стандардна и го прилагодува секој амортизер поединечно и трајно на условите на патот, ситуацијата на возење и режимот избран во Audi drive select. Со разделувачот на вртежниот момент се користи технологија која од една страна ја зголемува стабилноста, а од друга ја зголемува агилноста и обезбедува помалку подуправување при динамично возење. Ова се прави со две електронски контролирани спојки кои активно и целосно променливо го распределуваат погонскиот вртежен момент помеѓу задните тркала. Максимум 50 проценти од погонската моќ оди на задната оска, во режимот RS Torque Rear понекогаш може целосно да оди на тркалото од надворешната страна на свиокот.

Специјалниот модел ја покажува својата врвна позиција во портфолиото RS 3 со нови дизајнерски елементи и во внатрешноста. За прв пат во RS 3 имаш стандардни школкести седишта, управувач со рамно дно има ознака на врвот за подобра ориентација при спортско возење, а „Audi virtual cockpit plus“ обезбедува разни информации за спортските перформанси. Испорака на изведбите Sportback и седан започнува од почетокот на 2023 година со цена околу 75.000 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER