Audi – R8 V10 Performance RWD

насловна Новитети

Адреналински тандем

По Performance Quattro верзијата, Audi го засили R8 со погон на задните тркала.

објавено 08. октомври 2021

Како Coupé и Spyder, новиот R8 V10 Performance RWD добива 30 КС повеќе и сега татни со 570 коњи. Максималниот вртежен момент се зголемува за десет Њутнметри до 550 Nm. Овие дотерувања му овозможуваат на спортскиот автомобил со средишно поставен мотор да забрза до максимални 329 км/ч.

Стандардниот спринт од нула до сто се совладува за 3,7  секунди. Механичкиот диференцијал со ограничено лизгање го дистрибуира вртежниот момент на погонот според ситуацијата при возењето. Каросеријата најубаво изгледа кога е поставена на пневматици со димензии 245/30 R20 напред и 305/30 R20 позади, кои се дел од дополнителната опрема, исто како 19-инчниот систем за сопирање со високи перформанси изработен од керамика.

Кожениот волан во изведбата на перформанси нуди четири наместо два оперативни сателити за Audi drive select, за стартување на моторот, за активирање на режимот на возење и за контрола на виртуелниот кокпит. Возачот и совозачот седат на ново достапните школкести спортски седишта. За прв пат, динамичното управување е исто така достапно за RWD. Audi R8 V10 Performance RWD може да се нарача од 21 октомври. Во Германија основната цена за купето е 149.000 евра, додека спајдерот се цени на 162.000 евра.